Технологија

Најдена е вода во камењата што неодамна стигнале од Месечината

Најдена е вода во камењата што неодамна стигнале од Месечината

По анализата на карпите, експертите откриле дека почвата на нашиот сателит има нивоа на вода од околу 28,5 делови на милион (ppm), што не е многу, дури и за Месечината. Но, во минералниот апатит има вода до 179 ppm.

Лендерот слета на Месечината на 1 декември 2020 година, собра примероци од почвата и се врати на Земјата на 16 декември истата година.

Да потсетиме, научниците од Европската вселенска агенција (ESA) успешно извлекоа вода и кислород од почвата на Месечината преку „готвење“. Тие ги загревале минералите на температура од околу 1000 степени Целзиусови, претворајќи ги во гас. Добиените гасови минувале низ катализатор што одвојува вода, а кислородот бил извлечен со електролиза.

Овој процес резултирал со нуспроизвод богат со силициум диоксид и метали што може дополнително да се обработуваат за други ресурси кои можат да се користат во истражување на Месечината.

Анализата на посебниот кинески тим на научници објавена претходно оваа година покажала дека во некои видови карпи во одредени области на нашиот природен сателит има вода со околу 120 ppm до 180 ppm, пишува Msn.

Планетарниот научник Парвати Прем од Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд рече дека количината на пронајдена вода е помала од очекуваното. Тој шпекулира дека тоа е затоа што лунарот Chang’e-5 собирал примероци во топло време од денот или затоа што слетал во област што го штити магнетното поле на Земјата од сончевиот ветер.

Имено, сончевиот ветер содржи водород кој може да се претвори во вода доколку се соедини со атоми на кислород на површината на Месечината. Експертите се надеваат дека астронаутите кои ќе останат подолго на Месечината во иднина ќе можат да извлечат вода и чист кислород од нејзината почва. Но, сè уште не се знае колку од оваа вода воопшто ќе може да се искористи.

„Ќе мораме да обработуваме голема количина почва за да извлечеме малку вода од неа. Дури и највлажните области на Месечината се посушни од најлошата пустина на Земјата. Но, од друга страна, вода на друго вселенско тело, дури и во мали количини , е многу скапоцена работа“, изјави Прем.

Студијата наречена Evidence of water on the lunar surface from Chang’E-5 in-situ spectra and returned samples е објавена во списанието Nature Communications.

Прикажи повеќе
Back to top button