
По шест години, кошаркарскиот Куп се враќа во Гевгелија каде ќе играат осумте најдобри екипи во земјава. По 2019 година, од денес Гевгелија е одново во центарот на кошаркарските збиднувања поврзани со националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Стартот на турнирот е денеска, а први на терен ќе истрчаат кошаркарите на ТФТ Скопје и Гостивар. Овој натпревар започнува од 13:00 часот. Потоа играат Пелистер и Чаир, па домаќинот Куманово со Кожув. Кулминацијата со сигурност ќе биде во вечерниот термин со дуелот на најтрофејните во мак-кошарката, МЗТ Скопје и Работнички.
Полуфиналните натпревари се играат в петок во термините од 18:00 и 20:30 часот. Мечот за трофејот во Купот е на програмата в сабота во термин од 19:30 часот, а трофејот го брани МЗТ Скопје.
Куп на Македонија – четвртфинале
ТФТ Скопје – Гостивар (13:00 часот)
Пелистер – Чаир (15:30 часот)
Куманово – Кожув (18:00 часот)
МЗТ Скопје – Работнички (20:30 часот)