Најголем број од повредените во Кочани се во стабилна состојба

Од вкупно 20 пациенти кои беа најтешко повредени, десет остануваат критично, а другите десет се во стабилна состојба. Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека 101 пациент се лекуваат во странство. Тој рече дека сите пациенти кои ќе бидат пуштени на домашно лекување ќе бидат подложени на токсиколошки тестови.
„Драго ми е што се добри и што сите пациенти се стабилни и се надвор од животна опасност. Овде во Македонија се лекуваат 72 пациент, а 101 пациент се во странство. Од 72 пациенти во Македонија, 35 се во Клиничкиот центар, 15 во „8 септември“,11 во градската општа болница и само 1 во Штип. 3 пациенти се пуштени на домашно лекување, во наредните денови ќе ве информираме за пациентите кои ќе ги пуштиме дома“, рече Таравари.
Во Србија моментално се лекуваат 29 пациенти. Докторот Иван Лековиќ од ВМА рече дека на оваа Клиника се лекуваат 10 пациенти, од кои 6 се на интензивна нега и дека сите се во тешка состојба. Единствениот позитивен развој на настаните е тоа што еден пациент од одделението за интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но претстои и натаму голема борба за закрепнување.
Во меѓувреме продолжува крводарителската акција за повредените од Кочани. Во акцијата за доброволно дарување крв учествуваа студенти од сите факултети на Универзитетот во Крагуевац.
Одделението за трансфузија во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац до 8 часот беше преполно, а студентите истакнаа дека на овој начин сакаат да им помогнат на повредените пациенти од Кочани, но и да ги поттикнат сите граѓани да се приклучат на оваа акција.
Линда Ебиби