ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најголем дел од жртвите во несреќата во Бугарија се од скопскиот регион

Вјолца Алити

Меѓу 45-те жртви имало и 12 деца помлади од 18 години. Жртвите во трагедијата на 23 ноември се претежно од општини на Град Скопје. Официјално од општина Чаир се идентификувани 16 загинати од кои 8 членови на исто семејство со презиме Јахи. Уште 4 жртви, мајка, татко и 4-годишни близнаци, исто така од Чаир, со презиме Амети.

Од општина Студеничани се претпоставува дека има 20 жртви, меѓу кои наставничка заедно со нејзината ќерка која била на екскурзија во Истанбул. Исто така од Студеничани е матичарот на оваа општина, 63 годишникот заедно со неговата сопруга.

6 од 45 жртви се од Тетово. Меѓу нив е и 23-годишна девојка, студентка на посдипломси студии, која заедно со нејзиниот 27-годишен вереник од Кичево отпатуваа во Истанбул за да го прослават неговиот роденден, но никој од нив не успеа да ја преживее катастрофата на 23 ноември. Меѓу жртвите во трагедијата, кои биле од Тетово се Хатиџе Ислами, Халиме Фејзули, Алејна Амеди и две сестри од селото Пирок Нермије и Хамије Алити, едната на 51, а другата 53 години.

Од вкупно 52 патници во автобусот, преживеале 7 лица. Министерството за надворешни работи ги потврди нивните имиња, а тоа се Медина Лутфиу, Лулзим Сулејмани, Зулејха Јашаровска, Ѓула Јашаровска, Минир Јашаровски, Ебип Пајазитовски и Орхан Алити. Министерството за здравство соопшти дека состојбата на сите преживеани пациенти е стабилна и под постојан надзор на лекарите и укажана е психолошка помош. 7-те спасени пациенти ќе останат во болница до петок, по што ќе бидат транспортирани во Скопје.

Имињата на преживеаните од трагедијата на 23 ноември
1. Медина Лутфиу – 1996 г.
2.Лулзим Сулејмани – 1995 г.
3.Зулејха Јашаровска – 2005 г.
4.Ѓула Јашаровска – 1972 г.
5.Ебип Пајазитовски – 1972 г.
6.Минир Јашаровски – 1976 г.
7. Орхан Алити – 1976 г.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button