ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најголема сиромаштија кај самохраните и семејствата со деца

Македонија е длабоко класно поделена по основ на примањата. На едната страна има мал дел на луѓе кои поседуваат големи имоти и богатства, а на другата има огромен број на луѓе кои едвај го поминуваат месецот. Сиромаштијата во земјава може единствено да се искорени со структурни промени, искоренување на корупцијата, сивата економија, и поголемо давачки на богатите вели поранешниот професор по социологија Илија Ацески.

„Ние сме една од земјите каде што многу мал е процентот кои што го поседуваат најголемиот дел од богатството во Македонија, мора да се направи нешто во следниот период за барем во наредните десет години да се намали тој јаз за да можат тие пари да се одлеат во корист на сиромашните. Во таа смисла ќе се намали и сивата економија која би рекол сега е најголем амортизер на сиромаштијата во земјава”, изјави Илија Ацески-Универзитетски професор по социологија

Процентот на нееднаквост меѓу сиромашните и богатите од година в година расте и според последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако во 2019 година Џини коефициентот бил 30,7 во 2020 изнесува 31,4. Во 2020 за разлика од претходната година близу половина милион луѓе живеат под прагот на сиромаштијата. Најдлабока сиромаштија има кај семејствата со две и повеќе деца, самохраните родители и семејствата со деца.

ВИЗАРТ- Држан завод за статистика

Семејства со две и повеќе деца                                 45,6%

Самохран родител со деца                                         41,6%

Семејства со деца                                                        27,2%

Очекувањата на аналитичарите се дека панедемијата со ковид и војната во Украина дополнително ќе влијае врз стапката на сиромаштија на голобално ниво. /Алсат.мк

Андреа Чобанова 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button