СВЕТ

Најмалку 20 жртви во израелските напади врз Појасот Газа

Најмалку 20 лица, меѓу кои девет деца, се убиени во синоќешниот израелски напад врз Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Според светските агенции, во нападите биле повредени повеќе од 60 лица.

Израелската армија претходно потврди дека извршила ракетни напади врз Појасот Газа, наведувајќи загинале дека тројца членови на милитантната организација Хамас, која претходно го ракетираше Ерусалим.

По рекетирањето на Ерусалим бил евакуиран и израелскиот Парламент, а Израел ги зајакна безбедносните сили долж границата со Газа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button