ВЕСТИСВЕТ

Најмалку девет загинати и десетици повредени во земјотресот што ги погоди Авганистан и Пакистан

Најмалку девет лица загинале во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што вчера погоди големи делови од Авганистан и Пакистан, соопштија официјални лица, јавуваат агенциите.

Според информациите, повеќе од 100 луѓе биле хоспитализирани во состојба на шок во регионот на долината Сват во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва, изјавил за Асошиејтед прес (АП) портпаролот на пакистанската служба за итни случаи.

Пакистанските власти соопштија дека девет лица загинале при уривање на кров на објект во северозападен Пакистан, а десетици други се повредени во земјотресот, чиј епицентар бил во Авганистан, а бил почувствувал и во соседен Таџикистан.

Официјален претставник на пакистанските власти соопштил дека најмалку 19 куќи од кал се урнале во оддалечените области, при што додал дека сè уште се собираат податоци за штетите.

Во моментот на земјотресот голем број луѓе ги напуштиле своите домови и канцеларии во главниот град на Пакистан, Исламабад, а слични сцени имало и во Кабул и други делови на Авганистан.

Според податоците на Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала бил на 40 километри југоисточно од Ѓурим во авганистанската планинска област Хинду Куш, која се граничи со Пакистан и Таџикистан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button