МАКЕДОНИЈА

Најстудено во Маврови Анови, Крушево со најмногу снег

Со -5  степени Маврови Анови изутринава е со најниска температура во државава, по што следат со  -4 Попова Шапка, -2 Крушево и со -1 Куманово и Дебар. Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три во Гевгелија и Дојран.

Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, 12 во Ѓуриште, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово.

Во изминатите 24 часа заклучно со седум часот изутрина најмногу воден талог е наврнат во Демир Капија, 38 литри на метар квадратен, по што следат Попова Шапка со 28,  Битола, Крушево и Гевгелија со 26, Крушево со 25, Маврово, Струмица и Скопје-Петровец, со 18…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button