ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најзагаден воздух во последните 24 часа е забележан во Тетово, Кичево и Кочани

Жителите на Кичево, Тетово и Кочани утринава дишеле најзагаден воздух. Утринава мерните станици покажаа дека во Кичево концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот е над 100. За разлика од претходните денови денеска мерните станици во главниот град покажаа дека воздухот е чист. Денеска веќе не важи времената мерка за бесплатен јавен превоз за граѓаните на главниот град, но екологистите го креваат гласот дека чистиот воздух бара долгорочни мерки, бидејќи краткорочните само ја истакнуваат неспособноста на институциите. И покрај загадениот воздух во последните денови, државниот инспекторат за животна средина вели дека тешката индустрија не го надминала нивото на загаденост.

 Неправилности се констатирани во работењето во рудникот Булмак – Пробиштип каде имало истекување на загадувачка супстанца. Истиот субјект, според Стојковски, има обврска да го санира местото каде што се случи еколошкиот инцидент и поведена е постапка врз основа на Законот за животна средина за полесни прекршоци од трета категорија кој предвидува глоба од 100 илјади евра. Загадениот воздух во последните денови во главниот град, стана уште една тема за која претходниот градоначалник се судри со актуелната градоначалничка. Шилегов реагираше на високото ниво на загаден воздух додека Град Скопје реагираше дека е срамно што лице кое четири години не преземал никакви системски мерки за решавање на загадувањето, сега да се жали на состојбата.

Evi Shkopi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button