МАКЕДОНИЈА

Наместо во притвор, Кичеец си се врати во затвор

Гостиварскиот суд му го укина 30 дневниот притвор на Зоран Милевски – Кичеец. Тој е осомничен дека ја предизивика сообраќајната несреќа на Стража пред една недела кога загина едно лице, а седум беа повредени. Кичеец сообраќајката ја предизивика, иако официјално ја одлежува тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“ во затворот Струга во отворено одделение. Според информациите на надлежните, Кичеец добил 30 дена отпуст зашто имал аритмија. Кичеец не се возел сам во моментот кога претекнувал на две полни линии и се судрил. Со него биле две лица.

За претседателот Стево Пендаровски е апсурд, човек кој е во затвор, паралелно да биде и во притвор. Освен тоа, институциите излегле со две верзии. Според првата дека тој имал аритмија, но според втората оти била болна неговата мајка.

„Јас не сум чул, не сум прочитал вест во било кој светски медиум дека се случил таков настан на било кој континет, дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Барем да го возел затворското комбе има и тква работа која се работи на дистрибуција. И бил со двајца странски државјани. Тоа посебно ме интересира и од аспект на ова што го работам, кои се тие странски државјани. Дали можеби еден од нов не е двоен државјанин, македонски и со тоа другото. Тоа ќе биде многу интересно да се види, но да оставиме истрагата да каже до крај да каже дали е ова е точно“, изјави Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button