ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наноси на локални патишта во Делчевско поради обилните дождови

Наноси на локални патишта во Делчевско поради обилните дождови

Поради обилните дождови кои го зафатија регионот има наноси на повеќе локални патишта во Делчевско. Појавата е најзабележлива во делчевското село Габрово, каде се апелира на внимателно возење во текот на ноќните часови.

“Наноси од камења, песок и остатоци од дрвја има на локалниот пат во село Габрово, долж делови од патот во село Разловци, како и во неколку останати села. Поради тоа препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација”, апелираа надлежните сообраќајни служби во Делчево.

Поради можна појава на одрони од подружницата на Македонија Пат исто така посочија на внимателно возење на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

“На овој патен правец поради испарувањето од водениот талог на одредени места е можна намалена видливост, што претставува дополнителен проблем во сообраќајот”, додадоа од подружницата на Македонија Пат.

Поради неколкучасовните врнежи сообраќајот долж магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button