ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наплив на фалсификувани монети од две евра во Косово – колку дистрибуирал уапсениот полицаец

Наплив на фалсификувани монети од две евра во Косово – колку дистрибуирал уапсениот полицаец

Во 2023 година и во текот на 2024 година, властите во Косово започнаа кампања за сензибилизирање на граѓаните дека распространета е измама со лажни метални пари од 2 евра. Централната банка на Косово во соработка со Косовската агенција за судска медицина состави и прирачник за идентификација на фалсификувани монети.

„Има голема разлика во печатењето. Ова е со многу лош квалитет, а ова е со многу висок квалитет“, рече експерт за форензика.
Загриженоста се прошири меѓу граѓаните. Малите бизниси ја одбиваа монетата од 2 евра, а граѓните не ги прифаќаа за кусур.
„Сега наидов на мала продавница каде што напишале „не примаме 2 евра“, рече еден граѓанин.
„Во моментов не примаме фалсификувани 2 евра , ги запревме. Ниту ги примаме ниту ги даваме. Повеќето потрошувачи не ги примаат“, изјави еден продавач.
„Да, за проверка треба да имаш магнет. Изработени се од железо, а овие (оригиналот) се алуминиумски. Мораме да ги провериме“, нагласи еден граѓанин.

Во ноември 2023 година, косовската полиција уапси шест лица осомничени за фалсификување пари. Тројца од нив биле државјани на Косово, а тројца државјани на Северна Македонија. „Од оваа операција запленети се вреќи со по 2 евра метал во износ од 85.000 евра, за кои постои сомневање дека се фалсификувани“,пишуваше во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово. Истрагата беше започната од јавните понуди на социјалните мрежи како што се TikTok и Snapchat, каде што за фалсификувани 200 евра се наплатуваше само 20 евра. Истражните органи на Косово ги започнаа проверка на можните индиции дека изворот на фалсификуваните пари може да биде во Северна Македонија или Бугарија. По неколкумесечна истрага во соработка помеѓу органите од Скопје и Приштина, вклучително и оперативната поддршка на Европол, на 4 август во Косово е уапсен осомничениот Шкелзим Демири од Преспа, вработен во МВР. При рацијата на три локации пронајдени и одземени се машини за производство на фалсификувани пари со по 2 евра метални парчиња, калапи за пари и други материјали за производство на фалсификувани монети, вклучувајќи ги и сите суровини за нивно производство. Шкелзим Демири, како што се дознава, е внук и возач на Ветон Кранлиевски поранешен началник на Одделот за сузбивање на организираниот криминал во МВР. Внатрешната контрола во МВР започна истрага во рамките на полицијата за испитување на можните врски на Шкелзим Демири со полициски структури. Тој се товари за фалсификување пари, дело за кое, според Кривичниот законик, се казнува со затвор до 10 години./Алсат.мк
Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button