ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Напуштениот рудник кај Лојане ги труе и почвата и водата

Загаден живот во кумановско Лојане и Ваксинце. Иако рудникот во Лојане пет децении не работи, сепак го труе населението.

Рудникот во кумановско Лојане е едно од 16 „жешки точки“ кои ја загадуваат земјава. Оваа портокалова земја е полна со тешки метали. Арсен, антимон, хром… го загадуваат населението на кумановските села Ваксинце и Лојане.

Лоша миризба се шири од рудникот. Тешките метали се мерат во тони. Жителите на Лојане не сакаа јавно да говорат, а зад камерата на Алсат велат дека често се разболуваат а голем е и бројот на жители кои починале од рак. Професорот по хемија Трајче Стафилов вели дека водата и почвата тука е загадена. Ветрот ја шири загадената прашаина, а дождот тешките матали веќе ги упил длабоко во земјата.

„Еве го Лојане. Ова што го гледате е арсенски концентрат со 50 посто арсен во него. Така оставени се  15.000 тона. Еве го основното училиште на 120 метри со огромен број на деца. Тука учат децата, а тука е и селото Лојане – Ваксинце. Сите подземни води им се загадени, сите бунари имаат загадена вода со арсен“, вели проф. Стафилов.

Индустриските депонии, како рудникот кај Лојане, остануваат на приоритетната листа на министерството за екологија. Оттаму за Алсат велат дека дел од јаловиштето е покриено со неколку слоеви земја. Рудникот шест години е под концесија на турската фирма „Калтун Мадден Челик“. Во февруари 2018 година тие добија дозвола за експлоатација, а тој процес го почнаа годинава. Од рудникот се извадени тешки метали, тврдат од Минситерството за економија. Но, ова на терен, видливо, не се забележува.

„Концесионерот и во првиот и во третиот квартал има пријавено експлоатирана и продадена количина на минерална суровина од по 5080 м3/т за кои има платено по 10.160 денари“, велат од министерството за економија.

Фримата „Калтун Мадден Челик“ за рудникот Лојане има концесија до август 2024 година. Дотогаш тие имаат обрска да ги извадат тешките метали. Потоа, треба да направат ремедијација на почвата и да ја вратат во нормала.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button