ЕКОНОМИЈА

Народна банка започна со анализи за потребата од воведување дигитален денар

По примерот на Европската централна банка, Народната банка започна и со првични активности за разгледување на можноста и потребата од воведување дигитален денар, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на свеченоста за одбележување на 30 години монетарна самостојност.

„Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата“, рече гувернерката.

Таа во своето обраќање посочи дека изминатите години Народната банка има постигнато значајни резултати и додаде оти на почетокот на 2019 година, како осумнаесетта земја во светот, беше достигнат највисокиот меѓународен статистички стандард на ММФ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button