ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка

Народната банка по априлското зголемување на каматната стапка сега изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

Од Народната банка информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

– Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.

Најновите податоци за април, според централната банка, упатуваат на тоа дека годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button