ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Народната банка во наредниов период ќе печати нови денари

Народната банка објави оглас за јавна набавка на кој бара фирма која ќе испечати нови денари во вредност од 693 милиони евра. Компанијата или компаниите кои ќе го добијат бизнисот за печатењето ќе добијат 2,4 милиони евра. Обврска на компанијата која ќе ги печатти новите пари ќе биде да изработи 20 милиони банкноти во вредност од 100 денари, 20 милиони денари во банкнота од илјадарка, и 10 милиони банкноти во две илјадарки. Од Народната банка за Алсат велат дека станува збор за обнова на дел од банкнотите кои се во оптек и се оштетени. Од Централната банка велат дека државата нема недостаток од пари и не ни се заканува инфлација.

„Банкнотите од овие изданија ќе се користат за редовна замена на банкноти од постојните изданија, коишто ги изгубиле карактеристиките за соодветност за оптек. Но, тоа не подразбира дека севкупната количина банкноти од еден апоен што ќе се печати истовремено се пушта во циркулација. Пуштањето во циркулација се врши постепено, во подолг временски период, во зависност од потребата за замена на банкноти коишто ги изгубиле карактеристиките за соодветност за оптек. Оттаму, не станува збор за зголемување на количината на пари во оптек и за ризици од инфлација“, наведуваат од НБРМ.

Дополнително, од Централната банка посочија дека новоиспечатените пари нема да го користат новото име на државата, туку ќе го имаат ликовно -графичкиот дизајн кој го имаат постоечките апоени. Во огласот на јавната набавка стои дека понудената најниска цена е главен критериум за добивање на овој тендер.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button