ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител констатираше повреди во образовниот процес

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива со цел следење на остварувањето на правото на образование на децата, како и мерките и активностите кои ги преземаат надлежните органи за непречено остварување на ова право во услови на пандемија од Ковид 19.

– Со почетокот на учебната 2021/2022 година кај Народниот правобранител зачестија јавувањата и поплаките од ученици и родители кои се во врска со начинот на реализација на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта, укажувајќи на неможност да се почитуваат односно спроведуваат во целост Протоколите, но и на конкретни проблеми, наведуваат од канцеларијата на омбудсманот.

Дополнително преку медиумите, додаваат, Народниот правобранител се стекна со сознанија дека на дневна основа расте бројот на заразени ученици и наставници од Ковид-19 , како и бројот на оние кои поради контакт со позитивните случаи се во изолација, што во извесни случаи се и цели паралелки.

– Иако средствата за јавно информирање секојдневно известуваат за конкретни бројки на новооткриени позитивни случаи на ученици и наставници ширум државата, ресорното Министерството за медиумите не соопштува конкретни бројки, туку само споделува информација за извесен процент од 0,02 проценти од вкупниот број на ученици, при што се тврди дека интерна трансмисија на вирусот во рамки на училиштата не постои, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button