ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците по музичко бараат законски измени, со што учебниците за учениците Албанци да не бидат од македонски автори

Здружението на наставници по музичко не се откажува од ставот дека учебниците по музичко за основно образование треба да бидат од албански автори и истите да не се преведуваат на македонски јазик. Адем Имери, претседател на Здружението нагласува дека немањето на законски измени за учебниците ги спречи албанските автори да учествуваат со нивни наставни програми.

“Додека не го променат законот кој намерно го влечкаат од 2006 година, ние никогаш нема да имаме албански автори и вредни оригинални и стручни книги. Редно беше да се смени законот и потоа да се отвори конкурсот. Тие го искористија моментот, го отворија конкурсот без промена на законот, и нормално таму ни јас, ниту кој било од нас Албанците, не можевме да конкурираме на албански јазик. Веќе неколку години баравме никој  да не ги прилагодува книги,  да не не преведува, но  тие повторно продолжија со својата демагогија“.

Поради немање на соодветни музички книги, наставниците се соочуваат со многу потешкотии во спроведување на часовите по музичко.

„Засега сме без книги, без учебници како што сме од 2010 година и имаме среќа што е технологијата развиена и бараме, истражуваме со старите книги што ги имавме, некако се снаоѓаме. Ова е товар за нас наставниците по музичко. Имаме дополнителна работа. Јас се подготвувам секоја недела со тоа што обезбедувам содржини и теми кои се разбирливи“.

Во учебниците преведени на албански од македонски јазик, покрај грешки во преводот, кои во многу случаи се смешни, недостасува и музичка терминологија, албанска народна музичка и творештво, инструменталисти или изведувачи, уметнички и народни песни посветен на возраста на учениците од албански автори.

Melihate Rustemi

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button