РАКОМЕТСПОРТ

Натпреварот против Мароко, патоказ за 27 или 29 позиција

Македонските ракометари ќе играат против Мароко меч кој ќе биде патоказ дали ќе се бориме за 27. или 29. место.

Доколку го победиме Мароко, во среда против Јужна Кореја ќе играме меч за 27. место, доколку денеска го загубиме натпреварот против Мароканците, следниот дуел ќе ни биде со Саудиска Арабија за избегнување на 30. позиција.

Македонија на Мундијалот отпатува со многу поголеми амбиции, но сега правиме математики на која позиција ќе завршиме од 27. до 30. место.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко се игра денеска (понеделник) со почеток од 18 часот./Мkd.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button