МАКЕДОНИЈА

Наумовски: Во моментов проширувањето не е приоритет на ЕУ

За поранешниот вице-премиер за европски прашања, Васко Наумовски преоптимистички  е да се очекува дека првата меѓувладина конференција со ЕУ нашата земја би можела да ја започне до крајот на оваа година. Како што оценува тој во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, приоритет на ЕУ во овој период не е проширувањето.

„Доколку не постои единствена позиција на сите земји членки не можеме да очекуваме чекор напред. А, како што гледаме во суштина, од тоа што беше напоменато и од Комесарот, дека ние во моментот имаме ситуација кога најголем број на држави се за почеток на преговорите, но потребен е целосен консензус. Во овој период мислам дека би било преоптимистички да очекуваме да се случи до крајот на оваа година. За жал, не само за случајот со Македонија и Албанија, мислам дека сме во период кога ЕУ не го има проширувањето како еден од своите врвни приоритети“, вели Наумовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button