
Поранешниот голман на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Кејлор Навас, шест месеци е без клуб, но изгледа дека нема намера да ја заврши кариерата.
Навас има 38 години и изгледа дека го пронајде новиот предизвик. Според последните информации Костариканецот ќе продолжи да брани во Аргентина. Во прашање е тимот на Њуелс Олд Бојс, познат по тоа што Лионел Меси таму ја започна кариерата.
Наводно, Навас веќе има договор и остануваат само уште медицинските прегледи за се да биде официјализирано. Навас во текот на летото се поврзуваше со Монца, меѓутоа трансферот пропадна откако не ги помина прегледите.