ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наводниот нон-пејпер наликува на „балканска ујдурма“, вели Димитров

Во врска со наводниот нон-пејпер, за кој изминативе денови се појавија одредени шпекулации во некои медиуми, вицепремиерот за европски прашања Димитров, рече дека првпат му бил испратен од новинар, заедно со новинарско прашање „што е и дали е веродостојно“, и дека начинот и формулациите во него му личат на „балканска ујдурма“.

– Првиот впечаток ми беше, бидејќи сум гледал и многу нон-пејпери и документи, во англиската граматика, терминологијата и во суштинските тези, приодот кон проблемот на македонско-бугарските односи во последните две години е многу далеку од реалноста. Направив неколку телефонски разговори и јасно е дека некој прави некаква идеја. Сигурно претпоставува дека е од регионот, некој тука. Бугарија е пред избори, кај нас има локални, а можеби е и некаква домашна „ујдурма“ малку да се подзоврие таа тема, па малку и некој политички поен можеби, меѓутоа се тоа се шпекулации, изјави Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските.

– Има контакти на дипломатско ниво, на експертско и работно ниво. Ние сме сепак соседни држави, но јасно е дека политички соговорник нема и треба да чекаме бугарскиот народ да се одлучи на избори, изјави Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button