ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Навреведливи скандирања против албанците при прослава на победата на Македонија против Италија

Со повици против Албанци дел од младите Македонци синоќа ја прославија победата на репрезентацијата на Северна Македонија против Италија. На плоштадот „Македонија“, меѓу другото, имаше прослави и од ваков карактер.

Иако на социјалните мрежи се објавени многу видео снимки кои може да се земат како доказ во постапката, органите на прогонот не преземаат ништо. Од МВР не одговорија дали Бирото за јавна безбедност по антиалбански повици почнало да ги идентификува осомничените. Во меѓувреме, од Јавното обвинителство велат дека надлежност на МВР е да ги идентификува и процесуира пријавите по кои може да бидат поднесени пријави за евентуални кривични дела.

„Прашањето за кое покажувате интерес е во надлежност на МВР. Додека МВР ги идентификува сторителите на евентуално кривично дело и донесе дела по кои Јавното обвинителство оцени дека има елементи на кривично дело, ќе започнеме со активности согласно законот за нивно кривично гонење”, изјаваат од  Јавно обвинителство

Кривичниот законик предвидува затворски казни од 1-5 години за изразување национална или етничка омраза.”

(1) Тој што со насилство, вознемирување, загрозување на безбедноста, изложување на исмејување на национални, етнички или верски симболи, оштетување туѓи предмети, сквернавење споменици, гробови или што било друго сака да поттикне или поттикнува национална омраза расна или верска, раздор или нетрпеливост се казнува со затвор од една до пет години“, Кривичен законик, член 319

 Вакви извици не се првпат да се слушаат на навивачки прослави на плоштади.Пред две години во Собранието имаше иницијатива за измена на Кривичниот законик од кој треба да се извлечат одредби со кои се санкционираат ваквите кривични дела, но таа не беше целосно процесуирана. Во рамките на квалификациите за Светското првенство во „Катар 2022“, Северна Македонија со 0-1 ја совлада Италија. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button