КОШАРКА

НБА – Лос Анџелес Клиперс го победи Далас

Лос Анџелес Клиперс го победи Далас со 118:108 во третиот плејоф натпревар, со што тимот од Лос Анџелес го намали водството на Далас на 1:2. Ленард се истакна на домашен терен со 36 поени, додека Дончиќ беше поефикасен кај Далас со 44 поени, но недоволно за да се избегне пораз. Во меѓувреме, Бостон Селтик намали на 1:2 во дуелот со Бруклин Нетс, откако забележа победа во третиот натпревар со резултат 125:119. Кај домашните се истакна Џејсон Тејтум, кој постигна 50 поени, додека кај гостите Харден беше најефикасен со 41 поен. Екипата на Атланта го искористи домашниот терен за победа од 105:94 над Џујорк Никс и води со 2:1. Најефикасен кај домашниот тим беше Јанг со 21 поен, додека кај гостите од Њујорк се истакна Роуз со 30 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button