СПОРТ

НБА – Тимот на Леброн Џејмс триумфираше на „Ол Стар 2021“

Екипата на Леброн Џејмс е победник на натпреварот „Ол Стар 2021“, што се одржа во Атланта, откако го победи тимот на Кевин Дурент, со резултат 170-150. Од менувањето на форматот на овој натпревар, Леброн Џејмс досега освои четири победи, кога во финалето играше како капитен. Неговиот соиграч во овој натпревар Јанис Адетокунбо, ја доби наградата „МВП“, како најдобар стрелец на мечот со 35 поени. За време на паузата се одвиваше натпреварот во забивање во кој триумфираше Анферни Симонс, а Стеф Кари ја доби наградата за најпрецизен изведувач на тројки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button