ВЕСТИРЕГИОН

„Не беа сите едногласни“ – Каракачанов открива детали од состанокот на бугарскиот ССНБ

Единствениот став на CCНБ за северна Македонија не е изненадувачки. Да не се лажеме – таму имаше различни тези, вели поранешниот вицепремиер и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов за бугарската ТВ Нова.

Advertisements

„Некои од партиите силно ја бранеа тезата да немаме став за Македонија и цврсто да се држиме до она што го препорачуваат некои надворешни фактори. Главната заслуга за сегашната позиција е главно на претседателот Радев и на некои партии – БСП и ИТН. Тоа се партиите кои инсистираа на тоа и имаат цврст и јасен став“, рече Каракачанов и додаде:

„Веднаш по изборите, актуелниот премиер рече дека треба да имаме порелаксиран став кон нашиот западен сосед. Вистинските зборови беа – треба да го смениме пристапот и да ги ставиме во прв план меѓусебните економски интереси, а не споровите околу историјата“, рече Каракачанов.

„Засега е донесена правилна и разумна одлука. Така се пристапува кон националните прашања. Секогаш имало притисок врз една или друга земја на Балканот, да ја води политиката на некоја од големите сили. И сега имаше притисок, но не можам да кажам дека беше притисок „или -или“, додаде поранешниот вицепремиер и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов.

Извор: Труд

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button