СПОРТФУДБАЛ

Не е јасно дали Гави ќе биде слободен играч на 30 јуни

Шпанскиот суд го прогласи за неважечки договорот на Гави (18)со Барселона, по што тој беше избришан од тимот на Барселона на официјалниот сајт на Ла Лига. Ла Лига порача дека Гави не го сметаат за член на сениорскиот тим, туку за дел од клупската академија.

„Мундо Депортиво“, наведува дека и покрај ова Гави ќе продолжи да игра нормално за Барселона и шпанската репрезентација.

„Барселона ќе се жали на одлуката, а статусот на Гави нема да се промени до јуни. Чекаме клубот да го реши проблемот со финансирањето на платата“, објавија Шпанците.

Тие објаснуваат дека договорот на Гави, потпишан во септември минатата година, според кој тој ќе остане во клубот до 2026 година и кој содржи откупна клаузула од една милијарда евра, сè уште е валиден, но е „во мирување“. „Мундо Депортиво“ затоа истакнува дека ситуацијата станува чудна бидејќи „не е јасно дали Гави ќе биде слободен играч на 30 јуни доколку не биде пријавен или ова важеше до крајот на зимскиот преоден рок“.

Гави има 84 настапи за Барселона, од кои 37 оваа сезона. Според „Трансфермаркт“, еден од најголемите светски таленти вреди 90 милиони евра./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button