ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не е точно дека пратеници од мнозинството нема да гласаат за уставните измени, тврди Ковачевски

Не е точно дека има пратеници од владејачката СДСМ кои се против уставните измени, вели премиерот Димитар Ковачевски и вели дека тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа.

„Тоа е одговор на промашените тези кои ги имаат и немајќи сега што да кажат велат дека има други пратеници и тоа не е точно. Тие имаа во декември, јануари, до средината на февруари изјави дека имаат 61 пратеник во собранието и дека реконструкцијата што јас ќе ја поднесам нема да помине. Сите се уверивме дека таа реконструкција помина со зголемено парламентарно мнозинство што сега е 65 пратеника. Што значи дека тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа“, рече Ковачевски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button