ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се открива дали Скопје ќе бара екстрадиција на Бобан Томовски од Турција

Ниту МВР, ниту Министерството за надворешни не испратиле известување до Министерството за правда дека во Истанбул бил уапсен нашиот државјанин Бобан Томовски, наводно близок соработник на турскиот мафијаш Седат Пекер и баран за шверц на дрога. Сè додека Правда не добие таков документ, не може да покрене постапка за негова можна екстрадиција. Но министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека нашата држава не го бара Бобан Томовски.

„Согласно законските прописи, ќе се преземат понатанамошни мерки за екстрадиција и за носење одговорност. Инаку секој еден кој се занимава со криминал и кој презема криминални активности, треба да очекува дека ќе го снајде исто како и овој Томовски“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски не откри дали Томовски се појавува во Крим евиденцијата на нашата полиција и дали претходно МВР знаело дека тој е евентуално дел од организирана криминална група.

„Дали има сознанија дека се занимава со одредени криминални активности, сега после апсењето имаме и потврда дека се занимавал со криминални активности. Секој еден кој е чесен и одговорен, не се расправа со апсења и полиции, ниту во државата, ниту надвор од државата“, додава Спасовски.

Турските медиуми вчера известија дека на аеродром во Истанбул е уапсен македонски државјанин. Томовски медиумите го опишаа како близок соработник на Седат Пекер кој ја вознемирува турската Влада за вмешаност на нејзини функционери во корупција, но без при тоа да изнесе сериозни докази против Владата на претседателот Ердоган. Инаку Седат Пекер беше актуелен и во Македонија откако преку аферата „пасоши“ се откри дека добил лажен македонски пасош на име Џадин Амедовски. Додека беше во земјава тој се среќаваше и со личности од политиката. Кратко беше и во Косово, а сега се верува дека е во Дубаи.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button