ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се знае судбината на законите од петтиот економски пакет

Вчерашните тензии во Собранието се чини дека сè уште не се надминати бидејќи не е предвидено продолжение на седницата на која е закажано гласањето на законите од петтиот економски пакет. Во текот на денов беше соопштено дека во Собранието има средба на која присуствуваат претседателот на Собранието, потпретседателите и генералниот секретар, за да разговараат за понатамошните чекори на Собранието, кое и покрај напорите, не успеаја да биде деблокирано. Оваа информација не е потврдена од Собранието и не даваат детали за епилогот на средбата. Опозицијата вели дека е подготвена да гласа за петтиот пакет во секое време. Велат и дека или владата го крие фактот дека нема доволно пари во буџетот или има некоја друга зделка.

„Кога има закони што се однесуваат на ситуацијата, на кризата, нема потреба некој да ни кажува дали треба да бидеме присутни или не. Нашите пратеници вчера се вратија од дома“, изајви Зијадин Села, претседател на АA.

Премиерот Зоран Заев, по средбата за Законот за државјанство изјави дека не се меша во работата на Собранието, но според него, буџетот не е причина за одложување на усвојување на петтиот пакет .

Ситуацијата вчера стана тензична откако претседателот на Собранието закажа продолжување на 36 седница каде што се законите од економскиот пакет, но откако ќе заврши 32  седницата, на која требаше да се гласаат околу 20 закони. Опозицијата не сакаше да учествува и да има кворум за кој било закон, освен за петтиот економски пакет. Првично, само ВМРО ДПМНЕ ја напушти салата, но подоцна и другите опозициски пратеници.

„Вие немате кворум затоа што има тесно мнозинство. Не е тесно мнозинството, туку тројца пратеници се заразени и изолирани. Не смеам да ги доведам овде. Можете да излезете од тука колку што сакате, но тоа е срамота и незаконски. Што мислите дека јас јадам слама овде? Што правам овде? Јас не се обложувам. Јас водам државна институција. Постојат процедури и рокови“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието. 

Без усвојување на овие закони од петтиот пакет, фирмите нема да ја добијат ветената помош од државата за исплата на платите за работниците.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button