ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не сите ученици му се израдуваа на првиот училишен ден

Еролинда, Албина, Рилинд и Амар не му се израдуваа на почетокот на новата учебна година. Заедно со други 60 нивни врсници од селото Брњарци, ја бојкотираат наставата бидејќи така одлучија нивните родители. Тие пак, велат дека децата нема да присуствуваат на наставниот процес во училиштата во Арачиново, а градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, не им дозволи на овие деца да посетуваат наставата во приградското училиште во село Брњарци.

„Уставот на Македонија на секој ученик му обезбедува образование каде што живее. Имаме прашање до нашите политичари, без разлика кои се – дали нашите деца не припаѓаат на овој Устав или што е проблемот со нив? Бараме решение за овие деца инаку ќе бојкотираме цела година и нема да ги носиме на училиште.“„Ние сме многу блиску до училиштето Брњарци, само моето семејство има 15 деца во училиште, плус другите кои ќе бидат запишани. Жените треба да одат на училиште и да ги чекаат децата од училиште по цел ден, а другите деца нема  кому да му ги остават.“

„Јас лично нема да го носам моето дете на училиште без да се отвори училиште во Брњарци или да ни се обезбеди превоз. Зарем нашите деца не се како другите, што е проблемот?“

Директорот на основното училиште „Скендербег“ во Арачиново, Азем Аки вели дека општина Гази Баба треба да биде одговорна за наставата што овие деца ќе ја пропуштат. Тој додаде дека веќе ги направил сите подготовки за настава во училиштето во Брњарци.

„Им дозволивме, но тие не сакаат да одам во тоа училиште. Сите трошоци, наставниот кадар ќе го испратиме само затоа што сакаме да имаме објект, само за да им помогнеме на нашите ученици.“

Денеска не добивме одговор за овој проблем од општина Гази Баба. Меѓутоа, пред неколку дена градоначалникот Георгиевски за Алсат изјави дека не може да дозволи користење на училиштето поради здравствени протоколи за настава. Во приградското училиште „Крсте Мисирков“ во Брњарци малку ученици учат во паралелките на македонски јазик. По завршувањето на нивните часови, училиштето се затвора, па околу 60 ученици Албанци од истото село се принудени да одат на настава во Арачиново.

На првиот училишен ден протестираа и родителите и учениците од село Идризово кои бараа образование на албански јазик од шесто до деветто одделение, во основното училиште „Њeгош“ во Јурумлери. Во 2019 година, општина Гази Баба го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште. Потоа одлучи да изгради ново училиште во Идризово каде ќе учат сите деца од селото. Но, одлуката за ново училиште остана само на хартија.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button