ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Не треба тендер! Власта и опозицијата согласни – Директна спогодба за изградба на автопатите од Коридор 8 и 10

Опозицијата и власта во Собранието сложни без тендерска постапка со директна спогодба амерканско-турскиот козорциум Бахтел и Енка да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10. Предлог законот поднесен од група пратеници експресно доби зелено светло во комисијата за финансирање и буџет и ќе биде испратен на гласање на пленарна седница.

За него беа поднесени 4 амандами од пратеникот Љупчо Балковски од ВМРО-народна партија со кои бара покрај овие автопати да градат и други патни правци, но и кога ќе се изградат да има можност овие автопати да се дадат под концесија на приватен партнер. Сите поднесени амандамни не се прфатени. Владата пред неколку месеци склучи меморандум за разбирање со Бахтел и Енка. Во предлогот оваа фирма ќе треба да ги проектира и изгради автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола. На идентичен начин како овој се избра и компанијата Синохидро за изградба на автопатот Кичево – Охрид за кој сега се води судска постапка каде обвинети за злоупотреба на службената положба се Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button