ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Недела неработен ден„ на комисиска расправа во Собранието

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во второ читање е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Со предложените измени на Законот за работни односи се предвидува недела да биде ден за неделен одмор. Со оваа измена, според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, се прави баланс на приватниот и професионалниот живот на работниците.

За околу 92 насто од работниците во државата недела ќе биде ден на неделен одмор, а работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат, ќе добиваат за 50 насто повисока дневница.

Трговските центри во недела ќе работат само во една смена- од 10 до 18 часот, а вработените ќе добиваат 100 проценти повисока дневница за работа во недела.

Трговските субјекти во моловите ќе имаат обврска да уплаќаат износ во висина од 2 насто од остварениот промет во недела во Буџетот, а овие средства ќе бидат искористени за основање на нови детски градинки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button