ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неделава почнува второто полугодие, некој на училиште, некој повторно пред компјутер

Во четврток оваа бучава на дел од децата ќе биде преместена во училиштата. Почнува настава во второто полугодие. Многу ученици едвај чекаат да се вратат на часови, но во училишните клупи и не да учат од дома.

Убаво си поминав, читав книга, лектира.

На училиште е полесно. Ни ги објаснуваат задачите подобро и појасни ни се. Дали се среќававте со пријатели за време на зимските празници? Да, но со некои пријатели не, некои се далеку, а некои блиску.

Учењето од далечина и намалените часови продолжуваат да ги загрижуваат родителите. Бесиме Имери – Ајети вели дека последиците веќе се забележуваат кај децата, особено при пишувањето и читањето.

„Во моментот кога оди на училиште токму кога треба да се навикне, тие доаѓаат дома, многу задачи за возраста што ја имаат. Се соочив со стрес, лично јас како мајка, исто и девојчето се соочува со стрес, дури и уште поголем стрес од мојот за нејзина возраст. Да не ги нарекуваме стагнации, туку тешкотии, секогаш ќе има потешкотии во учењето и тешкотии во она што требаше да го научат. Назад се со наставата, барем јас го гледам тоа кај моето дете.“

 Од Унијата на средношколци реагираат и за почетокот на второто полугодие. Од таму велат дека учењето од далечина има многу последици врз менталното здравје на учениците и квалитетот на процесот на учење. Бараат да се започне со повторно отворање на средните училишта.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button