ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недостигот на нови вакцини, ја забави вакцинацијата, но непречено се одвива ревакцинацијата

„Ненавременото пристигнување на контингенти со вакцини го забави процесот на имунизација и овде во Скопје, само оние кои ја примија првата доза пред две недели, во моментов се ревакцинираат повторно.

 Од Министерството за здравство велат дека процесот на вакцинација се одвива непрекинато во сите делови на земјата. Според нив, интересот на граѓаните да се вакцинираат преку oнлајн платформата достигна 447.543. Вклучувајќи го и вчерашниот ден, вкупно 431.174 биле вакцинирани со првата доза, а 177.020 примиле и втора доза. Според официјалните податоци, 48% од над 70-годишните примиле барем една доза.

 „Дали сте за ревакцинација? Да! Дали сте имале несакани ефекти во ова време? Не знам за ефект, првите два дена имав треска и многу ме болеа коските, а третиот ден бев подобро“.

 Денес од одредени касарни во земјата, првите вакцини ги добија војниците на АРМ. Оние кои зборуваа пред камерата рекоа дека интересот кај нив е голем и повикуваат на вакцинација.

 „Сè помина добро, немаше проблем, се одморивме 5 минути и сè помина добро. Досега интересот беше голем и се надевам така ќе продолжи. Во моментов сме ограничени дека вакцинацијата е доброволна, но волјата е голема, па верувам дека ќе биде подобро и во иднина“.

 Според дневниот извештај на Институтот за јавно здравје, денес се регистрирани 20 случаи на заболени од корона. Во последните 24 часа беа извршени 2885 тестови, од кои 5 беа позитивни во Куманово,по  4 во Скопје и Битола, 3 во Тетово и по  1 случај во Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка. 30 пациенти биле регистрирани како излекувани, додека двајца пациенти од Скопје починале во болница.

Adna Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button