ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Неизвесности во обидите за реализација на идејата – недела неработен ден

Од измените во Закон за работни односи би можеле да се офајдат само вработените во големите маркети и работниците во трговијата на големо. Министерството за економија засега нема конечна одлука кои дејности ќе бидат затворени во недела. Ресорниот министер Крешник Бектеши вели дека угостителите и туристичките работници побарале од него новите правила да не важат за нивните сектори. Личен став е на министерот е угостителските објекти и туристичките агенции да бидат отворени во недела.

„Малопродажните капацитети нема да имаат измени во овој дел и ќе работат како што постоечки кажува законот за трговија. Што се однесува до трговијата на големо, како што се големите магацини или големите супер маркети таму има неколку опции кои ние како министерство за економија ќе ги пратиме на разгледување во Влада“, вели Крешник Бектеши министер за економија.

Ваквите најави ги налути синдикалците. Во телефонски разговор за Алсат претседателот на ССМ, Дарко Димовски вели дека ако Законот за работни односи се менува само за неколку сектори, тогаш подобро да не се отвореше ова прашање. Пред шесет дена министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, рече дека остава рок од една недела кој завршува утре да и се претстават дејностите од приватниот сектор кои во недела нема да работат. Освен економија под чија надлежност има најмногу сектори, министерката за труд на утрешната владина седница ќе ги чека и предлозите од министрите за земјоделство, од транспорт и врски како и од информатичко општество и администрација.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button