СПОРТФУДБАЛ

Нејмар го престигна Роналдо по број на голови за националниот тим

Бразилскиот напаѓач Нејмар ноќеска постигна хет-трик во квалификациски дуел за Светското првенство 2022 против Перу. Средбата во Лима заврши со триумф на кариоките од 4:2.

Со трите погодока Нејмар стигна до 64 на своето конто во репрезентативниот дрес. Легендарниот Роналдо во кариерата дојде до 62 погодока.

Лидер на вечната листа на стрелци кај Бразилците останува Пеле со 77 голови.

МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button