СВЕТ
Неколку лица повредени во судир на брод и ферибот во Флорида

Повеќе лица се повредени во судир меѓу ферибот и брод во близина на Клирвотер, Флорида, при што бродот што удрил во фериботот што превезувал 40 лица избегал од местото на настанот.
Инцидентот се случил преку ноќ, по што фериботот застанал на песочен гребен, јужно од мостот Меморијал Козвеј, каде што повредените биле згрижени, пренесува Ројтерс.