СВЕТ

Неколку лица се повредени во експлозија во рафинерија во близина на Фиренца

Неколку лица се повредени денеска во експлозија во рафинеријата на енергетската компанија Ени во Каленцано, во близина на Фиренца, соопштија тосканските власти.

Противпожарните, медицинските и полициските служби се на терен, јавува Раи.

Болницата Кареџи во Фиренца активираше протокол за ситуации во кои се очекува голем прилив на повредени лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button