ВЕСТИЗАБАВА

Неколку сонови кои ви предвидуваат љубов

Сигурно сте имале сонови кои никако не сте можеле да си ги протолкувате, односно да го сфатите нивното значење.

Но, ако некои од следниве мотиви се појавуваат во вашите соништа, тогаш според науката за толкување на сонови значи дека љубовта наскоро ќе чукне на вашата врата.

# Кукла

Овој сон нема само едно значење. Ако си играте со кукла тоа може да значи кавга, спор. Но, ако на некого му подарите кукла, тоа значи дека ви претстои нова љубов.

# Голотија

Често пати овој чуден мотив знае да се појави во нашите сонови. Ако се соблекувате или веќе сте гола, тоа укажува на ново познанство. Таа непозната личност може да биде важна за вас, односно со тој нов познаник најверојатно ќе имате романса.

# Постелнина

Кревет и постелнина укажуваат на љубов и на тоа дека сте во можност да прифатите нови емоции. Ако во соновите се појавува бела платнена постелнина, тогаш вие сте целосно подготвени да се впуштите во љубовна романса.

# Густа шума

Ако сте во шума и не можете да го пронајдете излезот, тогаш не сте подготвена за нова сериозна врска. Но, ако без проблем успеете да избегате од шумата тогаш наскоро ќе пронајдете љубов.

# Семки

Семките се симбол за плодност. Ако во сон сеете семе, тогаш сте подготвена да примите нови емоции.  Но, ако сонувате жетва тоа значи дека треба да ги сосечете лошите особини кои до сега ви попречуваат во врските.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button