ВЕСТИЗАБАВА

Неколку знаци дека не е подготвен за сериозна врска

Дамите често го имаат она посебно “чуло“ кога станува збор за врските и чувствуваат кога некој маж не и е предан на својата врска.

Но и покрај тоа, тие пронаоѓаат оправдувања и “купуваат„ време со надеж дека нивното чувство е погрешно.

За да не треба сите овие нешта да ги поминувате и на крајот повторно да останете со скршено срце, прочитајте дали некои од овие знаци ги покажува вашиот партнер и дали вистински е подготвен за сериозна врска.

# Не покажува блискост…кога последен пат сте се чувствувале блиски, сте се држеле за раце, сте се гушкале и бакнувале?
Ако забележите дека тој со вас се однесува како со пријателка, а не како со љубовница тогаш време е да разговарате.

# Вие не сте дел од неговите планови…ако редовно слушате дека се договорил за да излезе во град, да гледа фудбал, да оди на пијачка, да ова да она…и сето тоа секогаш е без вас.

Секако дека и тој треба да има свое време, како и вие што имате само за себе. Но, ако тоа е премногу често, и имате чувство дека многу ретко сте дел од неговите планови, тогаш вашето чувство не ве лаже.

# Не ве запознава со своите пријателки…тој ги знае сите ваши пријатели, а вие неговите не ги знаете особено тие од женскиот род.
Сериозно запрашајте се зошто не сака да ве запознае!

# Иако е со вас, со мислите е некаде далеку…тука е до вас, наблизу што може но забележувате дека не е сконцентриран и дека е замислен.

Не посветува внимание на она што го зборувате и имате чувство дека сака да е на друго место. Во тој случај, подобро пуштете го да оди.

среќа.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button