ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нелегалниот лов ја намали популацијата на пастрмката и белвицата во Охридското Езеро

Застрашувачки слики на угинати и заплеткани пастрмки во рибарски мрежи регистрираа нуркачите од Охрид на дното на Охридското езеро. Велат дека сето ова е резултат на незаконитиот лов на риба кој се случува во време на зимскиот мрест на пастрмката, кога таа се размножува.

 

„Рибите се заглавени во мрежите, дури и со денови.Неможат да се хранат и неможат да се репродуцираат.Ако направиме една мала компарација во поглед на годините и во поглед  на квантитет, сме ги гледале во поголем број, но сме гледаме и поголеми женки, матици и до 10 килограми.За жал се помалку и помалку ги има во Охридското езеро. На одредени места, каде се мрестела одредена риба, тие мрестови се комплетно напуштени.Тоа е најважните индикатори, дека рибниот фонд се намалува“.

Секулоски вели дека со видеата кои ги споделуваат и на социјалните мрежи, сакаат да алармират до институциите, дека е неопходно да се преземат поконкретни мерки,за да не се дозволи понатамошно уништување на ендемичен вид на Охридска пастрмка.

„.За време на нејзиниот мрест нема никаква заштита и по наши сознанија дневно се изловуваат од рибокрадци од 500 килограми до еден тон риба и тие се продаваат на црно во Македонија.Јас долго време се залагам да се формира во Македонија, рибарска полиција,која ќе биде на испомош на сите концесионери“.

Димитриески бара Охридското езеро да не се дава под концесија во наредните 10-15 години,туку на него да се дозволи само рекреативен риболов.Во меѓувреме да се скенира, за да се утврди густината на популација на охридската пастрмка и белвица.

Нуркачите велат дека секој случај кој го евидентираат во водите на езерото, го пријавуваат до надлежните институции.

Miki Trajkoski

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button