ВЕСТИСВЕТ

Нема да отстапиме од поддршката кон Украина, тоа е долгорочен интерес на НАТО, вели Столтенберг

НАТО ќе биде на страната на Украина колку што е тоа потребно, изјави денеска генралниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Тој додаде дека во долгорочен интерес на НАТО е поддршката кон Украина и нејзиниот отпор кон руската агресија оти, како што кажа, ако рускиот лидер Владимир Путин победи во војната против Украина, другите авторитарни лидери ќе бидат охрабрени да употребат сила за да ги постигнат своите цели.

Пораката на министрите за надворешни работи на членките на НАТО кои денеска ќе се состанат во Букурешт, како што посочи Столтенберг, ќе биде дека ќе стојат на страната на Украина сè додека е потребно и нема да отстапат.

„Ова е клучно време за нашата безбедност, ќе испратиме јасна порака дека сме тука и оти сме подготвени да ја одбраниме територијата на секоја наша членка“, рече Столтенберг на форумот што го организира романскиот огранок на Институтот Аспен и Германскиот Маршалов фонд (ГМФ) САД, со поддршка на НАТО.

Столтенберг додаде дека е „апсолутно неприфатливо и многу опасно“ прашањето за загрозување на правата на руските граѓани во источна Украина да се користи за инвазија на независна суверена земја.

Тој повторно ги отфрли тврдењата дека проширувањето на НАТО кон исток е насочено против Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button