ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нема да се казнуваат фирмите кои добија поевтина струја, а не ги намалија цените

Владата не сака да им се спротистави на компаниите од прехранбениот сектор и да ги санкционира оние кои користеа субвенционирана струја а не ги намалија цените за граѓаните. Премиерот Димитар Ковачевски неколку дена се обидува да и објасни на јавноста дека несовесните бизнисмени нема да заработат казна од државата со образложение дека имало само џентлменски договор кој не е почитуван од најголемиот дел од компаниите кои произведуваат храна, а за казни потребен бил закон.

„Во држава во која владее демократија и право, мерките се носат врз основа на договори со стопански комори, или се носат врз основа на законски решенија кога се работи за ограничување на цени или за акцизи, даноци итн.“, рече Ковачевски.

НовинарПрашањето ми беше: На владата е одлуката за замрзнувањето на цената на лебот, одлука беше и да им се даде поевтина струја. Сега може да се казни за замрзнување на цена а не може да се казни за непочитување на договор? Нема закон, одлуки се.

„Затоа што беше џентлменски договор“, рече Ковачевски.

Но, на исти начин, без законско решение, туку со одлука на Владата се замрзнаа дел од цените на основните прехранбени производи. Пазарната инспекција веќе излезе со податоци дека има напишано глоби за оние трговци кои не го почитувале правилото.

Државен пазарен инспекторат:

„Врз основа на Одлуките на Владата за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата, пазарниот инспекторат од 16 до 18 март 2023 година изврши над 350 надзори на цела територија на Македонија. Од надзорите е констатирано дека одлуките се почитуваат, освен кај шест економски субјекти, за кои се изречени прекршочни платни налози во вредност од над 1.275.000 денари.“

Владата потроши неколку милиони евра народни пари да им обезбеди поевтина струја на прехранбениот сектор, но на компаниите им остави обврска на своите производи да им ги намалат цените за најмалку 10 отсто. Тоа го испочитуваа само 15 отсто од речиси 300 фирми кои  добиваа електрична енергија за пет пати пониска од онаа која ја купуваа на берзите. Сега државата нема механизам како да си ги наплати парите на граѓаните, со кои несовесните бизнисмени си направија дополнителни профити.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button