ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Нема договор со Владата за повисоки плати, ССМ ќе организира генерален штрајк

Нема договор со Владата за повисоки плати, ССМ ќе организира генерален штрајк

Нема договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и утре ќе биде донесена одлука за генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата.

Димовски кажа дека е разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имале одговор за се, само не за главното – за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.
– Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува, рече Димовски.

Најави дека утре ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк.

Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за ова нивно барање како што им било ветено за време на преговорите.

ССМ, на чија иницијатива недела е прогласен за неработен ден, не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button