ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Нема храна, а повеќе од половина од земјоделското земјиште не го работиме

Нема храна, а повеќе од половина од земјоделското земјиште не го работиме

Кога патувате надвор од градот, дали сте виделе пусти ниви? Тие не се пусти, туку се плодни земјишта кои кај нас достигнуваат околу 600 илјади хектари, но ниту половина од нив не се обработуваат. Во сезоната на жнеење на житните култури земјоделците се соочуваат со зголемени трошоци, а во актуелната криза велат дека губат по 3 илјади тони на хектар. اربح مال من الانترنت

Иако жетвата на јачменот започна во Лозово, овде во централниот дел на нашата земја, според земјоделците, профитот е минимален бидејќи се зголемени трошоците за жнеење и другите трошоци, рапортира новинарот на Alsat.mk, Аднан Ќаили.

Земјоделците велат дека сумата што ја добиваат од субвенциите треба да ја дадат на државата за закупнина на земјиштето. تعلم كيف تلعب الروليت Со помошта што ја добиваат за ѓубривата успеваат да купат четвртина од потребното количество, а субвенциите за горивото годинава сè уште не ги ни добиле.

Според професорот од Земјоделскиот факултет Живко Давчев, земјоделството како главна гранка за прехранување на народот е запоставено, а зависноста од увоз доведува до раст на цените на основните прехранбени производи. Државата нема долгорочна агро-стратегија, па производите се нископриносни и скапи. موقع مراهنات المباريات

Според земјоделските стручњаци, нашиот народ нема доволно храна и покрај многуте плодни земјишта и полиња за стока, а не се користат ниту преку 260-тте сончеви денови во годината. Тие ги критикуваат државните политики со кои се укинаа царините на увозни производи, не давајќи им приоритет на домашните и со тоа многу житарки, овошје и зеленчук завршуваат во ѓубре./Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button