ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нема намалаување на платите на функционерите, засега нема ниту покачување на минималната

Платите на функционерите веќе нема да се зголемуваат согласно важечките закони и коефициенти, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на барањата на Сојузот на синдикати, изнесени вчера, односно зголемување на минималната плата и намалување на платата на функционерите.

Но, во моментов нема да има зголемување ниту на минималната плата. Премиерот рече дека барањата на првиот човек на синдикатите се синхронизирани со оние на СДСМ .

Од СДСМ велат дека Мицкоски не го исполнува едно од најголемите предизборни ветувања за покачување на платите.

„Кога станува збор за покачување на минималната плата за работниците, владата на Мицкоски нема пари. Само кога тој, Мицкоски и неговите министри треба да патуваат, тогаш има пари за луксуз и за скапи билети од 20 илјади евра и за бизнис класа.. Не дека нема пари, има пари доволно, прашањето е кои се приоритетите. ВМРО-ДПМНЕ го потценува трудот на работниците“, велат од СДСМ.

Првиот човек на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов упати барање и очекува да има средба со премиерот за покачувањето на платите. Бараат минимална плата од 450 евра. Според нив, околу 9.000 вработени земаат плата пониска од минималните 23.567, додека 35.000 земаат минимална плата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button