ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема нови детали од истрагата за пожарот во тетовската болница, иако поминаа 10 дена од настанот

Која беше причината за пожарот, брзото горење и можните неправилности што доведоа до трагедијата во Тетово, се уште не е познато. Германските експерти го завршија увидот во материјалните докази и дпказите од терен, но случајот се уште е во предистражна фаза. 10 дена по трагичниот случај кога 14 луѓе го загубија животот, обвинителството не открива други детали.

Основно јавно обвинителство

„Случајот е сеуште во предистражна постапка. Заврши увидот на германските експерти и продолжува собирањето и верификацијата на материјални докази и изјави за утврдување на причините што го предизвикаа пожарот во тетовската болница. Постапката за разгледување на документацијата за тендерите продолжува во Обвинителството за организиран криминал и корупција “.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека институциите доцнат со нивната  работа. Тие бараат брза истрага и одговорност, особено политичка одговорност.

За состојбата во здравствениот систем, СДСМ ја обвинува опозицијата.

„Игор Николов треба да се срами кога бара одговорност, морал и етика. Треба да се срами да ги гледа колегите лекари и медицинскиот персонал во очи кога зборува за изградба, треба да покаже колку многу би се сторило за здравствениот систем со 600 милиони евра (колку што чинеше „Скопје 2014“).

Според ДУИ, опозицијата политички ја злоупотребува ситуацијата и граѓаните може да го забележат тоа.

„Секако дека имаме информации дека вчерашните протести беа и со директни упатства од високи претставници на албанската опозиција. Ги повикуваме уште еднаш да ги тргнат рацете од оваа трагедија “.

Алијансата за Албанците не се согласува со ова обвинување на владата.

„Опозицијата е виновна“. Ова е најбаналната реторика и единствениот одговор што го слушаме од хибридниот режим секогаш кога ќе се соочат со горчливата реалност како управувале со земјата. Денес треба да кажете до каде е истрагата со пожарот во модуларната болница во Тетово, и кој ќе одговара за 14 животи изгорени во пожарот? “.

Претседателот Стево Пендаровски, исто така, повика на брза истрага и целосно расветлување на трагедијата.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button