ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема решение за сообраќајниот хаос во Тетово

Во Тетово во последните денови владее хаотичната состојба во сообраќајот. Граѓаните велат дека виновни за хаосот се несовесните возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и ги паркираат своите автомобили на патот.

Жителите се жалат дека има многу малку полицајци, а како единствено решение за немањето паркинг места, но и за немањето на култура за почитување на сообраќајните знаци, гледаат во интервенцијата на полицијата.

„Се создава метеж, но каде да ги оставиме, само над куќите. Ниту вие ниту јас сме виновни, општината треба да има паркинзи и услови за паркиралишта. Секако дека сметаат, но не се виновни, немаат каде да ги оставаат возилата. Треба да има паркинг за да се паркираат“, реагираат жителите.

Ситуацијата се очекува уште повеќе да се влоши со пристигнувањето на иселениците. Полицијата најавува засилени контроли.

Истата состојба преовладува и во Гостивар, каде само за влез и излез од градот, честопати се случува да ви требаат еден час поради паркирани возила на пат и узурпација на тротоари од улични продавачи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button