ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема решение за урнатиот ѕид во близина на клиниката за детски болести

Нема решение за урнатиот ѕид во близина на клиниката за детски болести

Со месеци ѕидот кој е урнат на Клиниката за детски болести е во ваква состојба и не е направено ништо за негово санирање. Вчера во Центарот за управување со кризи се одржа состанок на кој беше одлучено Министерството за здравство да изнајде привремено решение, а Градот Скопје да најде долгорочно решение. Но, кога ќе започнат работите останува нејасно.

Институциите на вчерашниот состанок ги поделија работите. Министерството за здравство, да изнајде привремено решение, а Градот Скопје да отпочне со активноста за изработка на нов проект во координација со СВР Скопје, со што ќе се намали движењето на тешките возила. За трајно и долгорочно решавање на проблемот потребно е Градот Скопје во координација со другите надлежни институции да изработи нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води, врз основа на која би се презеле трајни мерки за изградба на нов пат.

И покрај договорот, од Град Скопје велат дека не се надлежни за изградба на ѕидот на Клиниката за детски болести.

„На одржаниот координативен состанок во ЦУК за овој случај, сите учесници потврдија дека потпорниот ѕид, кој е изграден како ограда на Клиничкиот центар, е надлежност на Министерството за здравство, односно неговата изградба и реконструкција, може да се направи само според законите и подзаконските акти на Министерството или неговото овластено тело“, велат од Град Скопје.

Ниту Министерството за здравство не соопшти кога ќе започнат со работа. Покрај урнатиот ѕид, во опасност е да се урне и остатокот од ѕидот, каде што често има паркирани автомобили. Во близина на урнатиот ѕид, имаше и бројни остатоци, дури и медицински отпад, кои не треба да се фрлаат насекаде по земјата./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button